1033 hPa
42 %

7 °C
Скопје - Сре, 19.03.2025 09:59
Деновиве на музичкиот сервис Јутјуб официјално беше закачен македонскиот документарен хип-хоп филм „Сложувалка”, во реализација на неформалната организација Хип-Хоп Македонија.
Се работи за 37-минутен филм во режија на Александар Ковилоски кој својата премиера ја доживеа на скопскиот фестивал Синедејс 2015, а во меѓувреме беше учесник и на повеќе филмски фестивали во Македонија, регионот и пошироко во Европа, од каде се здоби со неколку награди и признанија.
Одлично прифатен од македонските хип-хоп генерации, филмот претставува обид да се навлезе во суштината на хип-хопот на овие простори преку интервјуа со најпознатите македонски рап артисти од осамостојувањето на Македонија до денес.
Извор: A1он