Грижа

01.03.2017 08:44
Грижа

ГРИЖА

Во подрумот на мојата родна куќа, во една од клучалките, стрчи заглавена врвка. Кога и да ја повлечам добивам силна болка во стомакот. Нешто го влече папокот навнатре. Понекогаш, преспивајќи, во ќошињата на одзаборавеноста, го сонувам гласот што најдобро го познавам. Лелекот, мил е тој. Враќам тивко: не, не сум гладен.

ОДЛУКА

Котер чекори со рацете в џеб, шутирајќи празно кутивче од сапун со ногата.
-Каде, соседу?
-Се преселувам. Овде повеќе не се издржува.

Извор: Тритонус, Темплум, 2008, Скопје.
Слика: Yunmee Kyong

Слични содржини

Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност

ОкоБоли главаВицФото