Ти не си наш зашто ние не сме како тебе!

02.03.2017 12:11
Ти не си наш, едноставно, затоа што ние не сме како тебе!

До оној што го бранел уставот и суверенитетот,
Читај во целост!
Не прескокнувај членови!

Устав на Република Македонија:

Член 2

Во Република Македонија суверенитетот произлегува од граѓаните и им припаѓа на граѓаните. Граѓаните на Република Македонија власта ја остваруваат преку демократски избрани претставници, по пат на референдум и други облици на непосредно изјаснување.

Ти штотуку го погази тој Устав!

Ти штотуку им го одзеде суверенитетот на граѓаните што го остваруваат преку „демократско избрани претставници“, во овој случај 67 такви „демократски избрани претставници“!

Собери се, сè уште има време!

Се срамам што, макар и симболично, ме претставуваш и мене!

Тонам од болка што цела една етничка група наши сограѓани ја посочи како наши непријатели. Не е загрозена нашата нација од нив. Загрозена е од такви како тебе кои толку долно ја урнисуваат. Ти кажувам - тоа не сме ние! Ти не си наш не затоа што си заседнат по дискутабилен избор; и не, не си наш затоа што си само обичен извршител на една криминална клика; и не, не си наш затоа што сакаш да ни ја украдеш иднината!

Ти не си наш едноставно затоа што ние не сме како тебе!

Ние не сме шовинисти!

Ние не сме ограничени!

Ние не сме омразоговорници!

Ние не сме сејачи на магла!

Уште повеќе, ние не сме сејачи на омраза!

Ние не сме фрустрирани провинцијалци!

Ние не ги бараме непријателите низ светот, туку ги прегрнуваме пријателите од тој свет чиј дел се чувствуваме и самите!

Знаеш - ние сме добри! Добри сме, навистина! Ние не сме исплашени! Ние сме сигурни, самоуверени, и се сакаме меѓусебе. Без оглед што сме (по националност)! Си ја сакаме Македонија! Зашто е наша! Заедничка!

Е тоа ти не го разбираш!

И затоа не си наш!
И никогаш не си бил!

Извор: Плусинфо
Слики: Свирачиња