Биди фер - за детство без пречки

04.03.17 14:55

Како ќе реагирате ако ве служи фармацевтски техничар со Даунов синдром?

Ова видео е дел од кампањата „Биди фер – за детство без пречки“ во рамки на регионалниот проект „Заштита на децата од насилство и унапредување на социјалната инклузија на децата со попреченост во Западен Балкан и во Турција“, финансиран од ЕУ и кофинансиран од УНИЦЕФ.

Целта на кампањата е да ја мобилизира јавната свест и да обезбеди широка поддршка за правата и вклучувањето на децата со попреченост кои поради пречките во средината, општеството и ставовите, не можат да учествуваат во општеството на рамноправна основа со другите деца.

Извор: UNICEF MK

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото