Почина режисерот Лазар Стојановиќ

06.03.2017 03:18
Почина режисерот Лазар Стојановиќ

Филмскиот режисер и публицист Лазар Стојановиќ почина во Белград на 73-годишна возраст, соопшти неговото семејство во саботата.

Стојановиќ е најпознат по филмот „Пластичен Исус“ кој беше забранет, а во кој ги подложи на критика тоталитаризмот на 20-от век, фашизмот и комунизмот. Поради филмот, Стојановиќ е осуден на тригодишна затворска казна.

Во филмот главната улога ја игра легендарниот уметник Томислав Готовац, а во една од сцените се појавува и македонскиот драмски писател Русомир Богдановски.

Филмот е познат и како единствено остварување на југословенската кинематографија поради кое неговиот автор завршил во затвор.

Лазар Стојановиќ беше еден од основачите на белградскиот неделник Време.

Се занимаваше со новинарство, театар, уредување публикации и автор е на повеќе документарни филмови, меѓу кои се и оние за лидерите на босанските Срби, Ратко Младиќ и Радован Караџиќ, на кои им се суди во Хашкиот трибунал за воени злосторства.

Беше активен во многу мировни, антивоени организации и движења во поранешна Југославија и Србија, посебно за време на војните во 1990-тите години.

Извор: B92

ОкоБоли главаВицФото