Малолетници по грешка скандирале „За шиптари стопанска комора“

06.03.2017 16:25
Малолетници по грешка скандирале „За шиптари стопанска комора“

Скопје, 6 март 2017

Група од десетина малолетници, кои учествувале на протестите за зачувување на античка Македонија, по грешка, наместо навредливото скандирање „За шиптари гасна комора“, извикувале „За шиптари стопанска комора“. Полицијата што го обезбедувала протестот веднаш реагирала и ги привела сите. Очевидци велат дека полицајците отпрвин не знаеле што да прават, а потоа ги уапсиле малолетниците и ги одвеле во познат правец.

Пара вести разговараше со неколку сограѓани од албанската етничка заедница кои позитивно се изјаснија за грешното скандирање.

„Не само во стопанска комора, ние би сакале да видиме Албанци во сите успешни организации во Македонија“, изјави еден млад жител на скопската општина Чаир.

Како што дознаваат Пара вести, малолетниците биле однесени на превоспитување во најблискиот партиски штаб на ВМРО-ДПМНЕ, каде што биле задржани цела ноќ, а утрото, по одржаните лекции за сеење омраза кон другите етнички заедници, биле пуштени да им се вратат на своите ненормални животи.

Слика: Свирачиња