Живот на море во пловечки град

07.03.2017 04:29
Живот на море во пловечки град

Дом со поглед на море е секогаш барана дестинација, но тоа би можело да стане сосема вообичаена работа во иднина. Компанијата Seasteading Institute планира да направи станови во пловечки град на море.

Фирмата ја основал Американецот Питер Тил во 2008 година и оттогаш се обидува да ја реализира идејата за град на море. Од 2012 година, неговиот сон се приближува до реалноста.

Пловечкиот град би требало да биде сместен во близина на брегот на Француска Полинезија. Владата се заинтересирала за овој проект зашто нивото на морето расте и им се заканува на населбите на овие острови.

Тил смета дека животот во пловечките градови би овозможил истражување на нови политички и економски методи, меѓу кои е тестирањето на нови идеи за тоа како да се нахранат гладните, да се излечат болните, да се исчисти атмосферата и да се збогатат сиромашните. Истакнува дека ваквите градови би им понудиле решение на државите кои исто така имаат проблем со зголемување на нивото на морето, односно ова би можело да го спречи нивното исчезнување.

Градот би се состоел од централна и неколку споредни платформи кои се поврзани. Би биле долги 50 метри и исто толку високи. Секоја заедница би имала помеѓу 10 и 15 платформи, а во секоја би можеле да живеат 20 лица. Изградбата на поединечните платформи би чинела 15 милиони долари, а целиот град помеѓу 150 и 165 милиони долари.

Зградите би требало да имаат три ката, а планирана е и изградба на хотел, апартмани и канцеларии. Доколку преговорите со владата на Полинезија поминат во најдобар ред, изградбата би требало да почне во 2019 година, а првите населби би можеле да бидат вселиви една година подоцна.

Извор: www.seasteading.org

ОкоБоли главаВицФото