1014 hPa
59 %

16 °C
Скопје - Пет, 18.04.2025 03:13
Радио МОФ во рамките на својата програма објавува повик за учесници на обуки за граѓански активизам. Преку запознавање со видовите на застапување и младинското застапување, основната цел на овие обуки е да им обезбеди на учесниците неопходно знаење и вештини за реализирање граѓански иницијативи, да ги поттикне учесниците да размислуваат за младинските политики и да научат повеќе за современите предизвици на младите во општеството.
Циклусот од три обуки за граѓански активизам е на следниве теми:
-Обука за граѓански активизам и иницијативи
-Обука за младински политики и застапување
-Обука за онлајн ангажираност и активизам
Обуките се еднодневни и ќе се спроведат во пет градови на територија на Република Македонија и тоа во: Скопје, Тетово, Велес, Неготино и Струга, за време на викендите, во периодот од 25 март до 9 април.
Кандидатите за учество на обуките треба да ги исполнат следните услови:
-Да се на возраст од 15 до 25 години;
-Да учествуваат во сите три обуки;
-Да покажуваат интерес за вклучување во идни граѓански иницијативи;
-Да покажуваат интерес и разбирање за клучните младински проблеми на локално и национално ниво.
Бројот на учесници е ограничен, a учеството е бесплатно. Обуките ќе се одвиваат на македонски јазик со искусни тренери на полето на младинските права и формите на застапување и активизам.
Распоредот на обуките по градови е следниот:
– Скопје: 26.03 (недела), 02.04 (недела), 09.04. (недела)
– Тетово: 25.03 (сабота), 01.04 (сабота), 08.04. (сабота)
– Велес: 25.03 (сабота), 01.04 (сабота), 08.04. (сабота)
– Неготино: 25.03(сабота), 26.03 (сабота), 09.04. (сабота)
– Струга: 01.04 (сабота), 02.04 (недела), 08.05. (недела)
Сите заинтересирани треба да аплицираат најдоцна до 19-ти март 2017 со испраќање целосно пополнет формулар на следниот линк. За повеќе информации обратете се на petar_antevski@mof.org.mk или контактирајте ја организацијата на: 02/3139 692. Потврда за учество ќе им биде испратена на одбраните учесници по истекот на рокот за пријавување непосредно пред почетокот на тренинзите.
Извор: Радио МОФ