Марш за женски права

08.03.2017 10:34
Марш за женски права

8 Mарт е Меѓународниот ден на жената кога се одбележува женската борба за економска, политичка и социјална рамноправност. Во тој дух, Платформата за родова еднаквост организира Марш на жените, со почеток во 12 часот од Плоштадот Карпошово востание. Потоа, маршот ќе продолжи преку Камениот Mост и Плоштадот Македонија, па до Паркот „Жена-борец“, од каде ќе испратиме порака дека сме тука, дека сме важни и дека нашиот глас ќе биде чуен.

Истовремено со жените низ светот кои на овој 8 Mарт објавија општ женски штрајк, и ние јасно и недвосмислено порачуваме дека сакаме еднакво, солидарно и напредно општество.

Ве повикуваме да марширате заедно со нас. За еднакви права, еднаква плата, достоинствен третман и должно почитување!