Избран победничкиот постер за „Прво па женско“

09.03.2017 02:12
Избран победничкиот постер за „Прво па женско“

Победничкото решение на Руки

 

Пред еден месец Тиииит! Инк. го отворија конкурсот за дизајн на постер за роденденското издание на фестивалот ПРВО ПА ЖЕНСКО. Подолу е писмото на Virginia Fox, во кое таа го соопштува победникот, како и галеријата со дел од испратените идејни решенија.


Драги сите,

Пресреќни сме што добивме неверојатни 92 предлога за постер за роденденското издание на ПРВО ПА ЖЕНСКО! И тоа од докажани професионалки/ци, ветувачки почетнички/ци, аматер(к)и и вљубенички/ци во фестивалот. Ви благодариме на сите за времето, волјата и идеите!

Тешка беше задачата да се избере само еден предлог. Нешто што ќе ги сврти вратовите на случајните поминувачи, ќе го задржи вниманието, ќе го одрази духот на фестивалот и ќе ја пренесе пораката дека Жените ќе го спасат светот!

Се решивме за „боросанките“ на Руки. За жените од работничката класа, жените од незатоплените фабрички хангари, од долгите ходници на болниците, од училишните мензи. За невидливите херојки кои го спасуваат светот секојдневно, а речиси никогаш не добиваат признание за тоа. Едвај чекаме да се дружиме со Руки, околу заокружувањето на идејата, но и да се сретнеме со сите останати на роденденското ПРВО ПА ЖЕНСКО, во рамки на кое ќе бидат изложени сите пристигнати предлози.

Сите пристигнати предлози можете да ги погледнете овде.

Александар Јосифовски

Матеа Матевска и Андреј Коцев

Александра Алексовска

Кристијан Новковски

Ангела Зафировска

Бранислав Митровиќ

Јана Андева

Јасна Вејселовиќ

 

Извор: www.reborn.mk