Мојата соба нема ништо против тебе

10.03.2017 02:23
Мојата соба нема ништо против тебе

Мојата соба нема ништо против тебе
Таа всушност и не е моја соба
Таа само се однесува така
Во неа ги извршувам сите свои должности
Зошто да не станеш една од нив
Можеш да легнеш покрај мене
Да се посветиме на твоите гради
Да им го дадеме вниманието кое го заслужуваат
Можеме да станеме ноќ и возови
Да се капеме во грузиски билки
Ќе ти ја раскажувам црвенкапа и сенегалците
Кои продаваат желки и марокански шит
И како лудовико ариосто ја ловел месечината
Со придружба на добра музика
Контра ритми
Да се изненадиме кога ќе свршиме
Ќе бидам sturm und drang во тебе
Ќе те држам за рака
И ќе ти помогнам да го преживееш утрото
Кога низ прозорецот ќе го здогледаш
Модрозеленото небо
Сфаќаш дека си погрешила
И патем се сеќаваш на нештата
Кои сме заборавиле да си ги допуштиме
Можеш да ја собереш својата облека
Помеѓу грузиските билки и
Сенегалците расфрлани по подот
Да ги заборавиш своите скорешни траги по мене
И мирољубиво да си отидеш
Оставајќи го моето млитаво тело замотано во прашања

Што е тоа што навистина нешто значи

И зошто не сум среќен

Превод: Иван Шопов
Слика: Јулијан Ландини

Недим Ќишиќ (1976, Мостар). Пишува поезија и проза. Еден е од основачите на Алтернативен Институт. Живее во Мостар и работи како уредник на Водичот за урбани спијачи Колапс. Објавувал свои дела во Албум, Колапс и полското списание Картки. Во 2000 година, заедно со Марко Томаш, Мехмед Бегиќ и Веселин Гатало ја објавил заедничката збирка поезија на италијански јазик „L'amore al primo binocolo“. Со Марко Томаш и Мехмед Бегиќ ја објавил и заедничката книга „Три пати триесет и три еднакво“, исто така во 2000 година.

ОкоБоли главаВицФото