Медиуми стравуваат дека ако падне ДПМНЕ, ќе мораат сами да ја уредуваат програмата

13.03.2017 04:04
Медиуми стравуваат дека ако падне ДПМНЕ, ќе мораат сами да ја уредуваат програмата

Скопје, 13 март 2017

Сопственици на неколку македонски медиуми во страв го исчекуваат исходот од политичката криза во земјава, зашто се плашат дека заминувањето на Никола Груевски од власта би значело враќање во времето кога биле принудени самите да ја уредуваат програмата. Ваквиот расплет на настаните би ги принудил медиумите да ангажираат поголем број соработници и така значително да ги зголемат трошоците за работа.

„Познато е дека македонските телевизии не стојат баш добро на финансиски план. Се снаоѓаме како знаеме и умееме, а помошта на Никола Груевски за нашата информативна редакција е исклучително драгоцена“, вели Драган Павловиќ-Латекс, главен уредник на телевизија Шител.

„Благодарение на неговата помош, секогаш знаеме кои прилози треба да се најдат во вестите, кои политичари да ги викнеме во студио, што на сите ни ја олеснува секојдневната работа. Доколку Груевски ја изгуби власта, тоа би бил голем удар за јавниот сервис. Би биле принудени да вработиме уште уредници и надворешни соработници, а сето тоа е прилично скапо. Никола Груевски ги извршуваше сите тие работи бесплатно, и со големи откажувања, за кои мислам дека не е спремен ниту еден друг политичар“, додава Латекс.

Со неговото мислење се согласуваат и уредниците неколку печатени медиуми кои се надеваат дека сепак нема да дојде до ваков расплет.

„Весниците во Македонија работат во многу тешки услови и секој нов удар би можел да доведе до колапс на медиумската сцена. Придонесот на Груевски за уредувачката политика е огромен и во голема мера го олеснува функционирањето на повеќе редакции. Промената на власта во овој момент е најлошото нешто што може да ни се случи, зашто многу медиуми би останале без важна поддршка и веројатно би дошло до нивно згаснување“, вели и Ивона Пештеровска, уредничка на весникот „Куртон тајмс“.

Повеќето сопственици и вработени во телевизиите со национална концесија истакнуваат дека за ваквата состојба е виновна опозицијата која почнала да објавува сериозно компромитирачки материјали за власта.

Извор: Njuz
Слика: Александар Јосифовски

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото