„Повеќето Балканци се ретардирани, неодговорни, заблудени и финансиски неписмени“

14.03.2017 09:59
„Повеќето Балканци се ретардирани, неодговорни, заблудени и финансиски неписмени“

Ненад Бакиќ денес на својот профил на Фејсбук објави статус во кој цитира непознат автор кој оставил коментар под неговиот блог. Коментарот се однесува на Балканците. „Некој го остави ова на мојот блог, вреди да се прочита. Единствено е штета што многу од оние на кои се однесува ова не читаат англиски, а не знаат ни да вклучат Google Translate...“, пишува Бакиќ.

А коментарот гласи:

Генерално зборувајќи, Балканците сè уште се емотивно врзани за фирмите кои се во сопственост на државата. Тие сè уште гледаат на тоа како на ’национално богатство’, како нешто што го изградиле нивните дедовци. Преовладува мислењето дека ќе дојдат странци кои ќе профитираат, а за кои тие ќе работат како робови.

Повеќето луѓе таму ја гледаат приватизацијата на компаниите во сопственост на државата како некаков вид предавство кое донесува губење на суверенитетот и слично. Некои ќе речат дека банкротот го генерира растењето. Мојот одговор до таквите гласи: Да, но кога си ретардиран, не гледаш потреба за растење. Тоа е едноставно менталитет кој е тешко да се промени.

Не се сите Балканци ретардирани, но...

Не велам дека сите луѓе на Балканот се ретардирани. Но, живеев таму 20 години и можам без двоумење да потврдам дека големо мнозинство луѓе се навистина ретардирани. Тие не се ретардирани на традиционален начин, туку едноставно станува збро за раширено мислење дека се супериорни во однос на другите (преовладува мислењето дека Американците, Британците и другите се глупави) и одбиваат да ја прифатат стварноста и потребите кои ги носи 21-от век. Тоа е малку налик на лудаците во лудниците кои мислат дека сите други луѓе се луди освен тие.

Поради својата самопрогласена супериорност, која никој друг во остатокот на светот не ја гледа, повеќето од нив одбиваат да учат на примерот од оние кои се покажале многу поуспешни. Не сакаат да го прифатат фактот дека некои други нашле подобри начини на организација на општеството; многу од нив се страшно заблудени. Некои од нив веруваат дека животниот стандард, на пример, во Велика Британија и САД, е подеднакво беден како и на Балканот. Другите веруваат дека Британците и Американците се поуспешни зашто нивните мултинационални компании ја искористуваат евтината работна сила на сиромашните Балканци. И покрај фактот дека таму има само неколку такви компании.

За своите неуспеси го обвинуваат капитализмот, иако всушност никогаш во своите земји не искусиле капитлизам. Можеби го виделе тоа на телевизија.

Силниот отпор кон промените го кочи развојот

Во многу подрачја на Балканот, сè уште е пракса, за да започнете со работа, да морате да барате дозвола од противпожарните служби и да дадете примерок од столицата на тестирање во лабораторија. Кога првпат добив работа таму, морав да отидам на лекарски преглед кој вклучуваше тестирање на видот, снимање на белите дробови итн. Кој кур?!

Многу се тврдоглави во својата одлука работите да останат такви какви што се. Токму поради тоа нивната економија, образовние и правен систем не се сменети последните 30 години. Отпорот кон промените е толку силен, што владите немаат храброст да воведат никакви реформи кои имаат смисла. Инаку, ни владите не им се многу подобри од повеќето луѓе - тие едноставно се одраз на дефицитот на ментални способности на повеќето нивни гласачи.

Тешко е некому, кој не живеел таму, да му се објаснат крајностите до кои се овие луѓе неупатени, финансиски неписмени и неодговорни.“

Извор: Index.hr

Слични содржини

Европа / Балкан / Свет
Општество / Балкан
Фотографија / Балкан

ОкоБоли главаВицФото