Маж се претставува како своја колешка за да дознае дали жените се дискриминирани на работа

14.03.2017 10:13
Маж се претставува како своја колешка за да дознае дали жените се дискриминирани на работа

Мартин Р. Шнајдер, вработен во компанијата Фронт Роу Централ, ненамерно испратил имејл до клиентите потпишан со името на негова колешка, па одлучил да продолжи да го прави тоа за да спроведе социјален експеримент.

Одлучил да ја објави целата приказна на Твитер.

Според твитовите, шефот на неговата колешка Никол секогаш се жалел дека ѝ треба премногу време за да ја заврши работата со клиентите. Шнајдер претпоставувал дека причината е што има помалку искуство од него.

„Како нејзин надзорник, сметав дека ова е нијанса. Мислев дека причината е што јас работам побрзо затоа што имам повеќе искуство“, напишал тој.

Сепак, еден ден ненамерно пратил имејл од името на Никол, и забележал дека клиентот бил некултурен и ги игнорирал неговите прашања.

Кога се вратил на својот имејл, забележал дека комуникацијата со клиентот била многу подобра.

„Веднаш се подобри. Позитивен прием, ми благодари за предлозите, веднаш одговара, вели ’одлични прашања’. Стана клиент за пример“.

Поради тоа, одлучиле да го спроведат експериментот, за кој Шнајдер вели дека резултатите се ужасни.

„Бев во пеколот. Сè што прашав или предложив беше ставено под знак прашалник. Клиентите со кои би работел во сон се двоумеа за мене. Еден ме праша дали сум ’сингл’“, објаснува Шнајдер.

Никол, од друга страна, ја имала „најпродуктивната недела во нејзината кариера“. Нејзиниот надреден вели дека сфатил дека причината поради која ѝ требало подолго време да заврши одредена работа, е бидејќи морала да ги убедува клиентите да ја почитуваат.

„Му го покажав експериментот на шефот, и не веруваше во резултатите. Му реков дека тоа е во ред, но дека никогаш повеќе нема да ја критикувам нејзината брзина на работа повторно“.

На крај, заклучува дека Никол била свесна дека клиентите ја третираат поразлично само затоа што е жена, не бидејќи е глупава.

Извор: Радио МОФ