14 март 2001: да не се повтори!

14.03.2017 16:02
14 март 2001: да не се повтори!

14 март.

Ка тетовчанец, увек ка ќе го заглеам датумов, било која година да е, мене ќе ме потсети на почетокот на војната у 2001. Четвртооделенец у ОУ Гоце Делчев, на час, почнавмо да наслушнуемо рафали од к'ј Калето.

Од ка зедоја сериозен замав по неколку минута, учителката излезе од класот да добие информација од директорот.

После влезе, ја прекина наставата, нè собра у ќуше, нè смири, ни рече дека нашите са контактирани од фиксниот у школо, тогај скоро и да немаше мобилни, никој од нас децата немаше.

Почнаја да доаѓаа родители, едно по едно си ги земаја децата у паника, моите на работа беа заробени у широкиот периметар околу централното градско подручје кој го формираше полицијата за контролирано да ја растури и одведе толпата која непристојно митингуеше на плоштад. И од тој периметар никој не смееше да излезе неколку саата.

Ја га напуштив училницата меѓу последните, ме зеде баба ми, целата успаничена, со брашно по рукете и избрашнета кецеља на неа, месела комад у моментот ка ѝ се јавиле за да ме земе од школо.

...И така натаму. Од тија први моменти на војната, па све до крајот, све се памти.

Еден куп спомени од настани тогај гледани со детски очи, релативно несвесни за опасноста. Семејната куќа ни беше на 50 метра од стадионот. А истиот тој стадион на чиј помошен терен свекојдневно игравмо фудбал, сега го глеdав на вести. Го гледав со тенкој паркирани до него. Ги видов еднаш и со свој очи тија тенкој дур пукаа. И неброен број пута ме будеа отсабајле ка ќе почнеја да пукаа.

Пунктот на раскрсницата одма до стадионот, у мирните деноој летото ни стана добро утро и добар ден. Ка деца, уживавмо да бидемо у друштво на полицајците, опремени со еден куп работе коишо до тогај си ги глеал само на ТВ. Па ни ги покажуеја бомбете, автоматите, гледавмо низ снајпер, нè сликуеја со калаши, шлемоој и панцири кои нас ни беа ненормално тешки, и се восхитуевмо како може толку тешки да ги носа они. Влагавмо у хермелините и БТР-те, ни га покажуеја унутрашноста, гледавмо низ тој уредот кој и ден денеска забраам како се вика, а пред тоа смо го гледале само у филмоој со подморнице. Со другите деца се такмичевмо кој појќе чауре ќе собере. Ја имав 4 најлона дома од свекаков калибар. Дури и памтим колку имав собрано точно - 427 чауре. Дешавке ка од филм!

Ама не беше филм.

Некој у таја војна го изгуби најмилото, некој изгуби здравје, некој нешто материјално. Некој доби траума, стрес, удар, шеќер.

На нас, тогај деца, ни остана едно искуство кое ниедно дете на светов не треба да го осети.

Последно време превише лесно се барата со терминот „војна“. Мие овде га осетивмо. Кој појќе кој помалу, на еден или на друг начин. Колку и да ни беше на нас као деца све тоа у одредени моменти забавно и доживљај, свесни бевмо дека тоа е ипак војна.

Никад да не се забрее, никад да не се повтори.

Извор: Фејсбук профилот на авторот