Како изгледа новата американска уметност

15.03.2017 08:23
Како изгледа новата американска уметност

Каулин Смит - In The Wake (2017)

 

Витни Биеналето од понеделник е отворено за медиумите и за прв пат главниот настан на овој музеј се одржува на новата локација во „Meatpacking District“. На изложба која претставува еден вид истражување на состојбата на уметноста во Америка, учествуваат 63 уметници и колективи од целата земја.

Првото нешто што паѓа во очи е степенот на разновидност, како во однос на учесниците, така и во однос на медиумите. Има многу сликарство, разновиден избор на уметници, како и широк спектар на различни видови уметност, од традиционалните масло и акрил на платно и скулптура, па до нова виртуелна реалност, видео игри и филм.

Кураторите Кристофер Лу и Миа Локс избраа и 11 учесници родени во странство и седум уметници кои работат надвор од САД, рефлектирајќи го, на тој начин, преиспитувањето на критериумите на Музејот Витни, за тоа што значи да се биде Американец и што се одредува како американска уметност.

Во пресрет на свеченото отворање на изложбата што е настан на годината, еве еден поглед на Биеналето.

Витни биеналето ќе трае од 17 март до 11 јуни 2017 во Витни Музејот на американската уметност, во Њујорк.

Occupy Museums - Debtfair (2017)

Ализа Нисенбаум - Latin Runners Club (2016)

Дејна Шуц - Elevator (2017)

Џон Кеслер - Exodus (2016)

Кејси Голан & Викторија Собел - Reflections (2017)

Скулптури и мурали на Раул де Ниевес

Лари Бел - Pacific Red (2016)

Слики на Кери Моер

Хенри Тејлор
 

Извор: Artnet news

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото