Во сонот на црната жена

15.03.2017 16:45

Телото твое црна маслина,
најтемна бронза, најдлабок звук,
звук од там-тамите на твоите предци, од нивните старински кори.
По небото на твоето тело заорува невидлив плуг
и од црните бразди
секавично изгреваат сите потопени зори.
Телото твое неуморен ритам,
крвоток на океанот,
светлина темна што ме води по патека опасна и тесна,
од детство што ме прогони,
од порано,
уште од утробата мајчина,
од првите зачетоци, најнесвесните.
Сега разбирам зошто не успеав да ти испеам ниедна песна,
зашто самата си песна над песните.
Исплашен и страшен
стојам под небото на твоето тело
од твоите црни магии вџашен.
Ти ме разболуваш и ти ме лекуваш,
и ми велиш: јас сум твоја ноќ и твоја вечна луна,
биди спокоен, тука ќе векуваш,
мојот сон е пострашен и од најстрашната буна.

Луно, црна луно,
Од твоите магии вџашен
немам збор да ти противречи,
немам сила да ти се спротивстави.
Луно, црна буно,
незарасната, неизлечена рано,
неусетно паѓам и тонам во твојот сон
како афричко сонце во океанот.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото