Линии во боја

16.03.2017 03:03
Линии во боја

Која е таа Македонија за која толку грчевито се борите?! Каде е таа? Што е таа?! За вас таа е апстрактен поим, некаде, нешто, магличаво... За мене, деновиве, Македонија е она 261 починато доенче и тагата на нивните блиски... и други работи, но за тоа во друга прилика...

Патриоти, никој не ви го загрозува ниту оспорува идентитетот, освен вие самите, трчкајќи наоколу докажувајќи се пред замислениот непријател со транспаренти напишани на сопствениот ви јазик, а кој не го познавате доволно! Зошто сте лути и напизмени на секој еден кој нема црвено-жолта лента, а кој ве потсетува зошто се случи и Шарената, и Пржино и СЈО... сте се запрашале ли некогаш дали е можно дека некој манипулира со вашата искрена верба?

Нели се чувствувате злоупотебени? Како поднесувате да ве уценуваат и да ве командаат, кога знаете дека повторно сте тука само за преку вас да се покаже масовност, квазимоќ на една гарнитура во заминување и која повторно ќе ве батали, заборави... Вашиот агресивен национализам не е ваша природна состојба, тој е на стероиди, набилдан, базиран на новонапишана историја, на брзински склепани документарци по нарачка на Никола, на неговите упрпани причици дека некој ќе ве нападне! Ве третира како прегладнети пци, ве с'ска на сѐ што е против него и неговите, како непожелни општествени фигури, единствените пречки во развојот на ова дете-држава!

Рушењето на долгогодишната кула ем од карти, ем во облаци веќе почна... ќе има многу жртви...

Најдете го, разбудете го Македонецот во себе, оној достоинствениот, оној полн со толеранција и гостољубие... седнете заедно, земете пијачка, мезе, како што е редот! Така! Сега земете го Уставот и прочитајте го...Таму пишува дека пред двотретинско мнозинство во парламентот сите платформи се немоќни!!! Така...

Сега, тргнете го параванот зад кој се кријат оние кои (не)свесно ги штитите и таму ќе видите неколку разголени мочковци на кои им се тресат коленцата!!

Така се сака Македонија, патриоти!

Извор: Фејсбук профилот на авторката
Слика: Свирачиња