1008 hPa
81 %
4 °C
Скопје - Саб, 20.04.2024 04:59
Пелистер се подготвува за враќање на својот стадион во Битола, но тоа би можело да биде дополнително одложено, откако вчера при градежните работи за изградба на северната трибина, биле откриени бомби во делот под стадионот.
Станува збор за над шеесет експлозивни направи кои датираат уште од Првата светска војна, а кои не се експлодирани.
Првата пријава се однесувала на артилериска граната и мина од минофрлач, но откако стручни лица пристигнале на стадионот, биле пронајдени уште голем број експлозивни направи.
Работата на северната трибина од стадионот ќе продолжи, но официјалните лица истакнаа дека е голема веројатноста и во следниот период да се најдат слични направи, за кои треба веднаш да се повикаат одговорните служби наместо граѓаните сами да доаѓаат во допир со нив.
Извор: ТВ Мега