Жена во ивернажот

17.03.2017 12:32

Се прелева чашата на ноќта. Истура пороен дожд.
Ноќ и дожд. Дожд и ноќ. Ивернаж.
И една жена сама во ноќта и ивернажот.
Под далечниот татнеж на там-тамите
змијулесто се извива на дождот
како во прегратки на маж.
Една жена во ноќната стара и чкрипава кола,
една жена од бучавата на дождот пробудена,
една жена од радост излудена —
танцува во ноќта, на дождот, сама и гола.

А дожд врне како лекување на тешки рани,
како ослободување од темни сили и страсти,
врне како шепотење, како милување: Стани! Расти!
Дожд врне и нема крај на овој ивернаж,
додека жената змијулесто се извива на дождот
како во прегратка на маж.
Дожд врне и чудни приказни плете,
како раѓање и плач на првото дете.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото