Македонија беше кокошка. Чипираните идиоти ѝ ја скинаа главата.

17.03.2017 17:01
Македонија беше кокошка. Чипираните идиоти ѝ ја скинаа главата.

Кокошка

Македонија никогаш не била рајска птица. Македонија беше кокошка. Убава кокошка со пердуви како кај Ротко. Чипираните идиоти ѝ ја скинаа главата. Ја испекоа и ја набутаа во себе. Сега излегува како вмровско говно. Тврдокорно!

13.03.17.


Чавки

Тврдокорните Македонци се како чавки што ја сечат тополата на која им се гнездат малите чавчиња!
Така им рекле во вмро!
За кој кур да летаат високо кога македонската приземност има дава сè: и црви и гуштери и тревки и змии и змиичиња за храна и катарпилари и џон дири да ги смачкаат, буквално сè!

14.03.17.


Работнички есес батаљон

Бетмен, Супермен, Трактормен и останатите тврдокорни идиотомени не демонстрираат против албанската платформа; тие се на задача да го чуваат пристапот до скопскиот аеродром додека и последниот злосторник не се извлече на слободна територија.
Тие се Работнички есес батаљон!
Еве, слушам дека по Кочан и Хорхе и Никола се спрема да ја посети македонската дијаспора.
Во Белизе.
А Сашо сакал да држи митинг меѓу Македонците во Прага и Братислава.

15.03.17.

Предавници, патриоти и меури од сапуница

Предавниците се луѓе со кои можеш да се договориш. Патриотите се исклучиви, умислени и импотентни будали кои не се во состојба да имаат нормален однос со стварноста. Како Денис Хопер со Изабела Роселини во "Блу велвет".
Општество во кое сите би биле предавници не би било идеално место за живеење, но општество само од патриоти би било неиздржливо.
Земете го за пример академикот Маџунков.
Патриот ли е тој или е будала!?
Што е човекот кој повикува татковината да сме ја бранеле од албанизација, исламизација и од слични опасности?!
Зошто никој не го прашува: па, што не ја браниш, бе, академику?! Што не се запалиш во фонтаната на Александар, што не скокнеш од Триумфекалната капија, што не одиш навечер во родилиштата да го задушуваш новородените Албанчиња и да ги стерилизираш нивните мајки.
Родилката од Битола, кој знае која по ред, ја убија Албанци или тоа, сепак, беа лудаци?!
Албанизацијата и исламизацијата ли се закана за оваа земја или е тоа патриотскиот критериум според кој идиоти дојдоа да ни бидат академици, лудаци премиери и ретарди министри!?
Некој го забележа присуството на мекото "л" во Академијата. Мене ми се допаѓа мекото "л", многу повеќе отколку тврдото ништо кај Фити. Претседателот на МАНУ ми се виде како меур од сапуница од кој татковината може да се одбрани така што ќе го пукне.

15.03.17.

Орден "Албанска платформа со двоглав орел"

По објавувањето на албанската платформа потребно е да застанеме во одбрана на државата, рекол Митко Маџунков!
Ах, бе, Мите!
Ако добро се слушаш себеси ќе сфатиш дека ти, всушност, велиш дека албанската платформа треба да ја славиме, дека треба да ѝ изградиме музеј, дека на неа треба да гледаме како на нешто што нè мобилизира, дека без албанската платформа ние не сме живи, дека пред албанската платформа не сме ја бранеле државата, дека сме ја пљачкосувале и уништувале, до најдолните дна, дека сме работеле и живееле според вмровската платформа, дека ти и академијата сте дел од смртоносната анестезија на македонската држава и нација, дека највисокото одликување на Република Македонија, ако преживее, нормално, треба да се вика "Албанска платформа со двоглав орел!"

15.03.17.

Нема двојазичност, ќе има само албански!

Тука ќе останат старците и тешко болните луѓе и една релативно мала група локални бандити кои ќе се занимаваат со шверц на бензин во шишиња, цигари, апчиња со поминат рок и свеќи! Зашто друг бизнис, освен преживувањето и умирањето, нема да има. Откако ова ќе се случи, а ќе се случи во многу блиска иднина - ако нешто драматично не се смени - на албанските партии ќе им преостане да се состанат во Тирана или во Драч или во Саранда и да потпишат нова декларација во која ќе се договорат да го симнат македонскиот јазик од денарите, а денарите да ги заменат со леки! Така што мислам дека тврдокорните се на добар пат да победат во битката против двојазичноста!

17.03.17.

Режимот се урива и со смеа!

И вљубеникот и обожавателот немаат смисла за хумор, но, таа за нив инвалидна околност нам не може да ни го одзеде задоволството беспоштедно да им се потсмеваме, то ест, да ги заебаваме. Тој полусвет тешко го поднесува присуството на дух кој не е нивен, успешното потсмевање еволуционо ја урива власта...
Секоја власт која го одгледува својот климав авторитаризам е склона себеси да се сфаќа претерано сериозно и да мисли дека е вечна. Секоја идеја дека сето тоа би можело еден ден да заврши, ја прогласува за национална трагедија. Таквите владетели, по правило, се комични, во огорчен судир со стварноста и со вистината. Не се безопасни, макар што во суштина се кукавични. За да ја одбранат својата платформа на владеење, луѓето кои имаат незаслужена моќ, особено умислените репрезенти на овдешното дно, спремни се на неконтролирана пресметка со секој опонент. Нивната немоќ во јавниот дијалог се реализира како низа од обвиненија од најдолен и најрасипан ранг: странски платеници, непријатели на народот и државата...
(Љубодраг Стојадиновиќ пишува за трагедијата на Србија. Сите пропаднати држави можеби не се трагични на ист начин, но сите национални трагедии ја имаат димензијата за која пишува Стојадиновиќ на "Пешчаник".)

12.03.17.


Слики: Свирачиња (врз фотографии од филмот Rocky horror picture show, 1975)
Извор: Фејсбук страницата на авторот

Слични содржини

Став

ОкоБоли главаВицФото