Грчки дизајнер измисли нов фонт – буквите го менуваат обликот додека пишувате

18.03.2017 10:01
Грчки дизајнер измисли нов фонт – буквите го менуваат обликот додека пишувате

Како основач на „Høly“, агенција составена од „љубопитни истражувачи на дизајнот“, графичкиот дизајнер Одисеј Галинос Папарунис е секогаш свртен кон иднината. Иновативниот и креативен пристап на грчкиот дизајнер кон типографијата особено е видлив во неговата најнова креација „Futuracha Pro“ фонтoт кој се развива пред вашите очи.

„Futuracha Pро“ има карактеристики на линиите на „арт нуво“ од една страна и едноставноста на фонтот „Serif “, од друга страна. Иако интересниот изглед на буквите и знаците уште на прв поглед е примамлив, дизајнот навистина заживува како што пишувате со овие букви. Па пишувањето не е статично и предвидливо искуство. Со секое притискање на тастатурата, на овој нов фонт, буквите ја менуваат својата форма. Во текот на пишувањето фонтот одговара на контекстот, односно дизајнот се менува во зависност од сoставот на букви во некој збор. Многу од нив добиваат дополнителни елементи, други стануваат издолжени, а некои едноставно остануваат исти. Според Папарунис, овие стилски додатоци се целосно во име на уметноста: „Повеќето фонтови за визуелни корекции ги искористат предностите на лигатурите и дополнувањата“, изјави тој за Хафингтон Пост. „Futuracha Pro“ покрај функционалноста, ја задржува креативноста, играта е поважна од инструкциите, експериментирањето е поважно од прирачниците.“

Што се однесува на влијанијата, „Futuracha Pro“ претставува фасцинантна фузија. За да го направи фонтот Футура, Папарунис побарал инспирација на неверојатни места: на пример, едно од нив се лебарките. Како студент по дизајн од него било побарано да ги илустрира овие игнорирани инсекти. Додека ги набљудувал своите модели, ги забележал нивните завиткани антени и нозете со мали трња. Овие неочекувани елементи, на крајот станале инспирација за органската естетика на „Futuracha Pro“. Дури и името на фонтот, Папарунис го измислил низ грешкa, бидејќи „Futuracha“ е интелигентна комбинација на „Футура“ и „Cucaracha“ (шпански збор за „бубашваби“).

Во моментов, овој фонт е достапен само за графички дизајнери, кои можат да ја конфигурираат и позиционираат секоја буква посебно. Агенцијата „Høly“, сепак, се надева дека ќе го промени тоа. Преку страница „Сrowdfunding“, агенцијата има цел „Futuracha Pro“ да го направи достапен и отворен тип на фонт.

Извор: My Modern Met

Слични содржини

Графички Дизајн
Општество / Графички Дизајн

ОкоБоли главаВицФото