1017 hPa
38 %
23 °C
Скопје - Нед, 13.10.2024 15:59
Не се сомневам во искреноста и добронамерноста на претседателот на Движењето на Реформи ДПА, Зијадин Села, за рамноправност на Албанците во Македонија. Но, и патот кон пеколот е поплочен со добри намери. А Села деновиве игра токму како да сака да нѐ однесе во пеколот. А и така до него сме блиску. Многу блиску.
Ако намерата на Села е промена на власта на Груевски, нелогични се неговите арогантни и националистички изјави дека не ги почитува симболите на земјата чијшто пратеник и градоначалник е, дека ќе брка од работа Македонци во Струга... Овие изјави се тотално контрапродуктивни.
Со таквата реторика ја зајакнува позицијата на сѐ уште актуелната власт. Наместо таквиот речник, приоритет на Села треба да биде составување на влада без Груевски. Не би сакал да верувам дека со вакви националистички говори сака да го спаси Груевски. Впрочем, самиот лидер на СДСМ, Зоран Заев, неколкупати јавно изјави дека сите спорни меѓуетнички прашања ќе бидат јавни и ќе се дебатираат отворено, без предрасуди и прејудицирања.
Чуму тогаш вакви закани и ваква реторика? Нема логика... И на крајот, но можеби и најважното: Неговата партија освои помалку гласови од гласовите кои СДСМ ги освои од граѓаните Албанци на декемвриските избори.
Ко разуме, схватиќе, би рекле северните комшии.
Извор: Плусинфо