Награден конкурс на Радио МОФ за најдобра илустрација на тема #Дехејтизација

24.03.2017 11:12
Награден конкурс на Радио МОФ за најдобра илустрација на тема #Дехејтизација

Секое здраво и демократско општество се темели на одговорни, правични и критички свесни граѓани кои знаат да препознаат говор на омраза и пропаганда. Затоа, Радио МОФ со награден конкурс ве поттикнува да направите илустрација на тема #Дехејтизација.

Илустрациите можат да опфатат теми од целиот општествен контекст, а притоа на креативен начин да претстават различни форми на говор на омраза, неетичко однесување или некој вид пропаганда низ медиумите и јавната комуникација.

Имено, во фокус на #Дехејтизација е медиумската писменост, со цел задржување на принципите и стандардите при информирање на граѓаните за проблеми од јавен интерес.

Истовремено, #Дехејтизација значи и препознавање на заговорите, спинувањата и дефокусирањето на пропагандната машинерија. Со активни и едуцирани граѓани, помала е можноста за „провев“ на пропаганда.

Секој учесник во конкурсот е дозволено да испрати по една илустрација. Илустрацијата да биде без непотребни вулгарности, но апсолутно се дозволени духовитост и сатира. Нема ограничување на идеи, слики, цртежи за илустрацијата!

Илустрациите треба да се испраќаат со име и презиме или под псевдоним, заедно со телефонски број на info@radiomof.mk, со назнака за „Награден конкурс за #Дехејтизација“.

Најдобрата илустрација ќе ја бираат нашите читатели и комисијата од Радио МОФ. Пристигнатите апликации ќе бидат објавени во посебна рубрика на Радио МОФ, каде ќе може да се гласа за нив.

Конкурсот се отвора на 22 март, а краен рок за испраќање на илустрацијата е 29 март, на полноќ. Гласањето се отвора на 30 март, а трае до 2 април (на пладне).

Најдобрата илустрација како награда ќе добие Pen Tablet Wacom Intuos Draw (погледни подолу).

Со конкурост, Радио МОФ ја затвора кампањата #Дехејтизација.

Извор: Радио МОФ

Слични содржини

Активизам / Графички Дизајн / Уметност
Активизам / Графички Дизајн / Уметност / Настан
Активизам / Графички Дизајн / Уметност
Активизам / Графички Дизајн / Живот / Уметност
Активизам / Графички Дизајн / Уметност

ОкоБоли главаВицФото