На македонските пазари

24.03.2017 11:53

                                                   (според Прадех)

На пазарот имаше да се купи сè:
таа македонска есен
земјата зборуваше низ мајките
исправени врз плодовите

што ги попрскуваат со вода,
што ги личеа пред купувачите,
што ги милуваа со рацете
— како дечињата свои да си ги милуваат.

Една старичка седеше осамена на крајот на пазарот
со стомне вода крај себе
и ретко кој ќе навратеше при неа.

Пред себе имаше спрострено многу шамивчиња
полни со некои златни, небесни и црни трошки
и вели: потаму има сè,
— јас само семе за цвеќиња продавам.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото