„Симфонија на паѓањето“ - театарска претстава според делата на Данил Хармс

27.03.2017 01:54
„Симфонија на паѓањето“ - театарска претстава според делата на Данил Хармс

На 27 март во џебното кино на МКЦ во 20 часот ќе се одржи театарската претстава „Симфонија на паѓањето“ според делата на Данил Хармс, а во изведба на ОС Тетар „Чекори“.

Изведбата е организирана по повод Светскиот ден на театарот.

Режисер на претставата е Петко Костовски, a aктерскиот дел од екипата го сочинуваат: Виктор Петрески, Зорица Стоименовска, Маја Ѓурчевска, Кирил Наумоски и Петко Костовски.

Билети за претставата се продаваат на касата на МКЦ, по цена од 150 денари.