Наспроти Ху Шјен

28.03.2017 09:26

Жолта пеперутка ја прелета оградата,
си поигра меѓу црешите,
се вивна во небесата и одново се врати
на каменот. Запрпелка со крилцата
како да се готви пак да полета,
но не се случи. Не дека немаше срце
за лет во небесата и не дека небото не е место
само за голема самотија
туку затоа што поривот ја учеше
дека не на небесата туку на земјата се умира
и уште знаеше дека векот ѝ е само еден ден
и немаше веќе време за лет.
Сè што беше — се случи дотогаш. Затоа таа си легна на каменот,
се склупчи како болен човек
и ѝ ги одвеаја потоа крилцата сосе трупот
летните вечерни ветрови.

Ете тоа ти бил животот,
жолта пеперутка со срце за лет во небесата.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото