Зошто да се гласа

29.03.2017 02:15
Зошто да се гласа

Често се смета дека е не само малку веројатно дека граѓаните сами ќе се информираат и конструктивно ќе учествуваат во демократскиот процес, туку дека е совршено разумно да не го прават тоа. Бидејќи нејзиниот поединечен глас речиси никогаш нема да биде пресуден, би било глупаво - како од гледна точка на разумот, така и од гледна точка на моралот - ако личноста ги жртвува другите проекти за да посвети повеќе време информирајќи се за политика или стоејќи во ред за гласање.

Овде е клучна претпоставката дека ние немаме никаква морална причина да гласаме, затоа што (признавам) дека нашето гласање нема да направи никаква разлика. Но правењето разлика е само еден од начините на кои можеме да имаме морални причини да напраивме нешто. Понекогаш просто сме ветиле дека ќе направиме нешто, и имаме должност да истраеме во тоа без оглед дали ќе направиме каква било (друга) разлика (иако ова не може да се примени на случајот на политичката партиципација и гласањето).

Понекогаш, имаме должност да не земеме нешто што ѝ припаѓа на друга личност - да речеме, една од мноштвото банкноти од паричникот на нашиот богат сосед - иако тоа што ќе го земеме не би недостасувало некому. Подобра аналогија за нашата цел би можела да биде оваа: да претпоставиме дека доволен број од нас кои би се собрале на влезот во градот на полноќ првиот ден од секој месец, би спречиле напад на опасна банда. Речиси е сигурно дека моето присуство не би било пресудно за успехот на овој потфат. Или би се собрале доволно луѓе, или не, но тоа не би зависело пресудно од една личност. Па сепак, сметам дека постои јасна морална причина да се придружиме на овој потфат.

Секако, некои луѓе можат оправдано да отсуствуваат ако имаат поважна работа, но пред нив се поставува значајно морално барање кое мора да биде натсилено од други причини. На сличен начин, постојат катастрофи кои можат да се отстранат само со тоа што доволно мислечки луѓе ќе излезат на избирачките места, и постојат сериозни причини да му се придружиме на тој потфат, иако тие секако понекогаш можат да бидат натсилени од други значајни нешта.

Извадок од книгата Democratic authority: A philosophical framework
Слика: Џон Холкрофт

Слични содржини

Општество / Теорија
Општество / Европа / Свет
Општество / Европа / Став / Теорија
Општество / Култура / Теорија
Општество / Активизам / Балкан / Теорија
Општество / Теорија

ОкоБоли главаВицФото