Казна

29.03.17 01:41

Развојот на роботиката и вештачката интелигенција поттикна двајца уметници да покренат ново прашање: како може да се казни еден робот? Уметникот Филип Вилас-Боас во соработка со дизајнерот Пoл Кудами ја создадоа инсталацијата „Казна“, во која еден робот неуморно ја испишува фразата „не треба да ги повредуваш луѓето“, како казна од основно училиште.

Оваа инсталација ја преиспитува врската на човекот, роботите и вештачката интелигенција во иднината, но исто така и актуелните принципи во образованието.

The Punishment from Filipe Vilas-Boas on Vimeo.

ОкоБоли главаВицФото