Хибернирани кретени по улиците на Скопје

29.03.2017 13:05
Хибернирани кретени по улиците на Скопје

Иако на многумина на прв поглед ќе им изгледа нелогично, но факт е дека реконструкцијата на минатото е многу, многу потешка дисциплина од предвидувањето на иднината. Тоа е така зашто сите сме премногу свесни за инхерентната неспознатливост на иднината, па нејзе и’ приоѓаме со стравопочит и најголемо внимание. Затоа и пристапот до иднината им го препуштаме на научниците, а за нив таа е предвидлива во сите области во кои науката ги препознала обрасците на повторување на настаните. Тоа се областите на материјалниот свет што нè опкружува, каде што царува челичниот принцип на „униформност на природата“, односно на владеењето на истите физички закони во целата вселена.

Непостоечко минато

Во историските науки што ја изучуваат областа на општествените појави, меѓутоа, до денес не се откриени закони со чија помош – врз основа на повторливоста на обрасците на однесување на луѓето – ќе може да се предвидуваат настаните на начин на кој тоа по Њутновата научна револуција стана можно со физичкиот свет, со планетите и ѕвездите... Неверојатната комплексност на настаните што човештвото симултано ги генерира секој миг, преголемиот број информации, учесници и чинители вплетени во креирањето на секој момент од сегашноста, почнуваат да исчезнуваат неповратно и да стануваат неразбирливи секој следен миг од течењето на времето. Човековата вечна неподготвеност за одминувањето на времето станува невозможност и да се запамети и разбере минатото. Од друга страна, фактот што сите со трогателно глупа убеденост мислиме дека минатото ни е познато по природата на нештата – како единствена граѓа за нашиот светоглед и саморазбирање – нè прави најмалку способни вистински да го спознаеме.

Погледот кон иднината е „полесен“ токму зашто не е оптоварен со самозаблудата за природниот увид во неа, па можеме сосем неоптоварени од предрасуди иднината да ја промислуваме во рамките на нејзината веројатност. Но, веројатноста не е прикладна алатка за разбирање на минатото, па испаѓа дека тоа е потешко да се реконструира и од сосем непроѕирната иднината. Изгледа контроверзно? Ова можеби најлесно се разбира (ако воопшто може да се разбере) на пример позајмен од физиката: ако ставиме коцка мраз во сад, со леснотија можеме да ја предвидиме нејзината иднина – времето на топење, волуменот што истопената вода ќе го зафати и слично, но не постои никаков начин од водата во садот да сознаеме каква била формата на мразот од кој се истопила. Таа информација од минатото на водата е неповратно исчезната во ентропијата на вселената и токму оваа фатална иреверзибилност на времето ги сместува општествените историски дисциплини во жанрот на фикцијата, а минатото го прави лесна жртва на фашистичката пропаганда која целосно се темели на лажните митови за непостоечкото минато.


Беспоштедна лустрација

Овие немушти рефлексии за неспознатливото време, почитувани читатели, почнав да ги пишувам само за да се одбранам од апсурдната стварност македонска, во која фашизоидната партиска мафија на ВМРО веќе трет месец го малтретира целото општество не дозволувајќи го мирниот трансфер на власта. Изгледа неверојатно, но тактиката на бесрамното разбојништво со кое ВМРО го силува општеството, делува и врз мене, зашто сега – на дофат на цела деценија чеканата слобода – мене ми се повраќа и да пишувам за тоа! Иако Груевски и неговата партиска мафија се неотповикливо поразени и делегитимирани, и мигот на нивното корнење од институциите е несопирливо блиску, сепак, се чини, како сè да е џабе: вечниот фашизам покажува неверојатна виталност и свежина! А таа перзистентност на течењето на времето доаѓа од нивната неосетливост на значењата на зборовите, нивната имуност на моралните вредности, нивната тотална неспособност да сфатат, почитуваат и сочуваат знаење, нивниот недостаток на основните човечки социјални интуиции – емпатијата, сочувството и солидарноста; и од нивното најмоќно својство што им ја овозможува вечната младост – нултата меморија.

Да, оваа нискоорганизирана протеинска материја што како од канализација „спонтано“ се истури по скопските улици да протестира во одбрана на својата авторитарна мафијашко-партиска власт, има мемориски капацитет само да го препознае гласот на господарот и веројатно сликата и пластичниот мирис на сендвичот со кој ги хранат. Па, тие протестираат како да се жртви, а не фашистички контрачети што ја окупирале земјата! Во нивните мозоци - или онаа каша што како помија им жуборка во черепите – не оставиле никаква трага единаесетте години крадење, гнетење и силување што самите го вршеа над своите сограѓани и комшии: тие гнаси протестираат со истиот патос на жртви како да е 2006 година, или 1998, или 1945, а не пуста 2017?!

Но, овие хибернирани кретени се генетска мана на либералната демократија, зашто слепо признавајќи им ги граѓанските и човечките права и слободи на овие криминалци, таа ги одржува витални и свежи да ја дочекаат нејзината следна криза, во која повторно на измама ќе ја преземат власта, за никогаш повеќе да не ја испуштат од раце. Затоа, единствениот ефикасен начин на борба против вечниот фашизам е неговото препознавање како системска болест на општеството, и потоа негова беспоштедна идеолошка, општествена и индивидуална лустрација што ќе заврши со нивно трајно исфрлање од јавниот живот и забрана за учество во политиката. Доколку ви изгледа прерадикална предложенава терапија, подгответе се уште долго да цапате по улиците на престолнината потопени во политичките фекалии на ВМРО.

Слики: Свирачиња
Извор: Слободен печат

ОкоБоли главаВицФото