Голема акција за отстранување на повеќе од 100 тони отпад од Монт Еверест

31.03.2017 11:40
Голема акција за отстранување на повеќе од 100 тони отпад од Монт Еверест

Непосредно пред почетокот на новата сезона на искачување на највисокиот врв на светот, Монт Еверест, се бараат планинари кои ќе учествуваат во акција за чистење на повеќе од 100 тони отпад и стара опрема која е фрлена и оставена на патеките.

За да влијаат на планинарите да водат сметка за животната средина при искачувањето на Монт Еверест, од 2014 година парично се казнуваат планинарите кои нема да донесат доволно отпадоци и ѓубре кое е оставено на патеките до Монт Еверест.

Иако звучи неверојатно, Монт Eверест некогаш се опшува и како најголема депонија на светот.

Најголемата количина отпад се наоѓа во кампот на 6.400 метри надморска височина. За пренесување на отпадот се користат хеликоптери, а за планинарите е обезбедена сета дополнителна опрема, од кислород, шатори, храна и слично.

Досега се отстранети околу 16 тони отпад, но не се знае уште колку останало на планината. Ситуацијата се влоши по земјотресот кој го погоди Непал во 2015 година, кога настрадаа 9.000 луѓе, а голем број кампови на планината тогаш останаа напуштени.

Исто така, се претпоставува дека на Монт Еверест се наоѓаат и околу 200 тела на настрадани планинари.

Извор: BBC

ОкоБоли главаВицФото