Пратеници за посматрање

31.03.2017 11:49
Пратеници за посматрање

Тие што зборуваат самите со себе ние ги праќаме на посматрање, рече Мирсада Асани од собраниската говорница и предизвика бурна реакција кај двајца што се самопрепознаа како кандидати за посматрање: Трајко Вељановски и Илче Димовски рекоа дека не било коректно пратеничката од ДУИ да ги легнува на психијатриски кауч! Или така некако. Всушност, сите во пленарната салетина, кои деновиве интензивно зборуваат самите со себе, изреагираа испуштајки од стомаците некакви звуци, меѓу кои, јас препознав едно матно „Уууууууу“.

За мене тоа беше охрабрувачка реакција затоа што сигнализираше дека лудаците не се скроз луди, односно дека под одредени услови можат да им се разбудат затнатите и рудиментирани емотивни чакри.

Асани покажа дека, секој што сака вмровецот да го третира како политички фактор, мора претходно да го повика на посматрање и со тој пасворд да ги разбуди запретаните остатоци на неговите емоции, на заборавената и загубената нормалност.

Зошто е некоректно ако човек се обиде да му помогне на психопатот да се врати во нормала, макар и со посматрање?!

Битен фактор за оздравувањето на Македонија е признавањето и соочувањето со болеста, во случајот болеста на општеството се вика ВМРО-ДПМНЕ, а болеста на вмровците, на пратениците посебно, допрва треба да се утврди со посматрање.

Тоа е!

Извор: Фејсбук профилот на авторот
Слика: Били Даркарт