Are you schizoid?

31.03.2017 14:52
Are you schizoid?

Со книгата на Кирчо Арсовски, Are you schizoid?, Темплум започнува нова графичка едиција под името Лифт. Во неа ќе се објавуваат главно цртани романи, но и други графички книги. Едицијата ја продолжува и осовременува традицијата на стрип списанието Лифт кое излегуваше од 1995 до 2001 година.

Кирчо Арсовски е култна фигура на македонската независна културна сцена. Најмногу е познат како музичар (предводник на групата Трачери), но создавал стрипови и филмови, пишувал драми и колумни...

Последниве неколку години Арсовски френетично црта. Под неговите шарени моливи веќе излегоа неколку илјади цртежи... Во книгата е претставен мал дел од тој опус, околу 250 цртежи во боја од 2016 година.

Секој купувач на книгата како подарок ќе добие еден беџ и еден испринтан цртеж, по сопствен избор.

Авторот своите книги ќе ги потпишува во сабота, на 8 април, на штандот на Темплум, на скопскиот саем.

 

Во сигурни раце / You’re in good hands

Побрзо, Џим / Faster, Jim

Сладок / Sweet

Ринтај, багро! / Peg away, peeps!

Престар си за мене / Too old for me

 Чек да видам / Let me see

Morons fight

Глумци / Actors

Наредба / Order

Are you schizoid?

Бомбаш / Bomb officer

Како ѝ успева? / How does she do it?

Зад ова врата се крие твојата душа

Bo Diddley

Долга е раката на ВМРО / VMRO’s reach is far and wide

Не ми е страв / I’m not afraid

Немој за коса! / Don’t touch my hair!

За попријатна бања / For a more pleasant bath

Немој / Don’t

Никој не ме сака / Nobody loves me

Слични содржини

Стрип / Уметност
Општество / Стрип / Живот
Графички Дизајн / Стрип / Уметност
Книжевност / Стрип

ОкоБоли главаВицФото