Почина Гилберт Бејкер, автор на знамето на ЛГБТ заедницата

01.04.2017 15:16
Почина Гилберт Бејкер, автор на знамето на ЛГБТ заедницата

Во 65-та година од животот почина Гилберт Бејкер, уметник од Сан Франциско познат по создавањето на знамето со боите на виножитото, симбол на ЛГБТ заедницата.

Како што јавуваат американските медиуми, Бејкер починал во сон во својот дом во Њујорк во четвртокот навечер.

Тој го создаде познатото знаме со осум бои во 1978 година по повод одбележувањето на Денот на правата на хомосексуалните лица, настан кој претходи на денешната Парада на гордоста. Секоја боја на знамето претставува различен аспект на човештвото: розовата сексуалноста, црвената животот, портокаловата здравјето, жолтата сончевата светлина, зелената природата, тиркизната уметноста, индиго хармонијата, а виолетовата човековиот дух.

Подоцна бројот е намален на шест, со остранување на розовата и индиго бојата, а тиркизната е заменета со сина. Бејкер секогаш велеше дека сака да ја пренесе идејата за различност и инклузија користејќи нешто од природата што би ја претставило сексуалноста како човеково право. Како пресврт во создавањето моќен дизајн го препозна и Музејот на модерна уметност во Њујорк.

Извор: www.klix.ba

ОкоБоли главаВицФото