Што значи ДПМНЕ да остане на власт

04.04.2017 02:12
Што значи ДПМНЕ да остане на власт

Што значи ситуација во која ДПМНЕ би останало на власт?

Тоа значи дека може во секој момент да ви го уништи бизнисот доколку не платите рекет.

Тоа значи дека може да ви ја блокира сметката кога сака.

Тоа значи дека може да ви измислува давачки до бесвест.

Тоа значи дека може да не ви исплати субвенции.

Тоа значи дека може да не ви плаќа за минат труд.

Тоа значи да добиеш плата од еден денар.

Тоа значи да ти умре детето затоа што немало кој да го лечи.

Тоа значи дека може да ви ги земе парите од здравствено и пензиско и да ве остави на улица.

Тоа значи дека може вашиот имот да го запише на нечие друго име.

Тоа значи дека може да ве остави без здравствена заштита.

Тоа значи дека може да ве труе.

Тоа значи дека може да ве затрупа во ѓубре.

Тоа не значи власт како и секоја друга, туку значи севластие на криминалот кој не може да
биде запрен, затоа што нема кој да го запре.

Не знам дали разбирате пред каков амбис стоиме и колку малку нè дели од пропаста.

Извор: Фејсбук профилот на авторката
Слика: ШкАрт