Вратил книга во библиотека по 35 години, со донација и молба за прошка

05.04.2017 00:52
Вратил книга во библиотека по 35 години, со донација и молба за прошка

Еден Американец украл книга од библиотека во Монтана во 1982 година. Ја прочитал најмалку 25 пати, ја реставрирал, обезбедил потпис од авторот, а потоа ја вратил книгата во библиотеката!

Со вратената книга приложил и донација од 200 долари за библиотеката во Грејт Фолс, во северозападната американска држава Монтана, а со писмо побарал библиотеката да му прости за кражбата.

Тој изјавил дека украл копија од книгата на Ричард Метесон од 1975 година, „Bid Time Return и дека тоа го мачело.

Локалниот весник Great Falls Tribune пишува дека човекот го смета романот за еден од најдобрите научно-фантастични љубовни романи на сите времиња.

Метесон е најпознат по својот роман „Јас сум легенда“ од 1954 година, според кој е снимен филм во 2007, со Вил Смит во главната улога.

Директорката на библиотеката Кети Мора изјави дека, иако не одобрува кражба, „напорот и средствата кои тој ги вложил да ја зачува книгата се исклучителни“.

Извор: Great Falls Tribune

ОкоБоли главаВицФото