Alike

05.04.17 15:37

Модерното општество нè учи да бидеме одлични во училиште, напорно да работиме и на истото да ги учиме своите деца, што не остава премногу простор за креативност.

„Alike“ е анимиран филм на шпанскиот режисер Даниел Мартинез Лара и Рафаел Кано Мендез, кој освои многу награди. Овој седумминутен краток филм ги охрабрува луѓето да гледаат поинаку на светот околу себе, а со својата приказна трогна многумина. Филмот совршено опишува што се случува кога секојдневието ни ја уништува креативноста, а зборува и за родителството и важноста да се пуштат децата да го изодат својот сопствен пат.

ОкоБоли главаВицФото