Се заканува уште подлабока криза

05.04.2017 15:42
Се заканува уште подлабока криза

Парадоксално, но СДСМ може да ја воведе земјата во вистинска криза, ако продолжи да се „фемка“, да одолговлекува, да покажува знаци на „процедурална заробеност и вкочанетост“, трошејќи ја огромната доверба дадена од 700.000 гласачи кои се недвосмислени победници на овие избори – за преземање на власта и формирање на влада.

Не е прифатливо ниту разбирливо да се чуе дека после последните зборови на Хорхе (?) на средбите со Туск, СДСМ од понеделник или вторник (што и да е), допрва ќе правел „нова стратегија“ за во парламентот да го востоличи парламентарното мнозинство што го има?!

Ајде што е јадно вашата стратегија да зависи од нешто како изговорен збор или говор на Хорхе – таа деланка наша отпадната и нејзината пуста хемија. Тој, сиромашкиот, влегол во loving closeness со улогата на „татко на нацијата“, што некој го нарекува „драма на лошите ролји“ – кога личноста се поистоветува со лошото читање на сопствените можности и статус и сè тече понатака условено од таа грешка и несоодветност; имено, Хорхе како посебно тап и бесмислен „евент“ во политиката на ДПМНЕ. Тој евент решил да ја спасува државата од федерализација или така нешто. И изговара нешто, а СДСМ прави стратегии после неговите изговорени зборови?! О, Боже!


Доцна е другари за стратегии допрва бре! Вие се наоѓате во виорот на преземање на власта и несериозно е да зборувате допрва за стратегии, што претпоставува дека сте влегле во операцијата без таква и резервна, како со грло во јагоди! Без проценка дека ова ќе се случува со блокадата на праламентот од страна на ДПМНЕ? Дека Вељановски ќе заседне со газот во столицата на претседавач и вие што? Ќе го молите? Дека ќе ја изложите јавноста на јадната и бедна позиција да ги слуша моронштините на ДПМНЕвските парламентарци и вашите дискусии со нив. Па тоа е јадно „другари“, тоа е срамно! Вие се однесувате како дилбер што на узурпаторот на вашиот автомобил (кој заседнал на возачкото седиште) му велите: „Еве, ако сакаш, сврти уште едно крукче, еве до семафорите и врати ја колата те молам, таа е моја да си одам дома?! Наместо да го фатите за уши и да го извадите од вашата кола! Вељановски ќе го фатите за ушите немиени и ќе го тргнете од седалото, ќе ја востоличите легитимно новата собраниска постава, а не да се глупирате со „почитување процедура“ која е во стартот прекршена (и давате изјави дека Вељановски бил нелегитимен!? Па, секако дека е нелегитимен, но што во врска со тоа правите Вие од парламентарното мнозинство - е вистинското прашање!)

Значи, драги мои другари СДСМовци, освен пенкалото за гласање ќе ни треба сепак и едно „малку подебелко пенкало со јајца на крајот“ – за преземање на власта изгласана од граѓаните.


Обратното ќе биде погубно – СДСМ сериозно е пред опасност да стане заробеник на паролата „срушивме диктатура (режим) со пенкало“ и да потоне заедно со неа пред узурпаторите во процедурални блокади и лавиринти. Прво, Режимот не е срушен бидејќи не е востоличена новата власт со јасното мнозинство. Губитничкото малцинството ДПМНЕ ги узурпира институциите и прави општ хаос и исмевање на истите наспроти неспремноста, двоумењето и женирањето на водачите на мнозинството да ја остварат уставната и демократска легитимација која ја имаат да формираат влада. СДСМ станува соучесник на институционалната криза со НЕЧИНЕЊЕ, со немање храброст за улогата која на изборите ја добил и на која Уставот имеративно инстистира – формирање ефикасна и динамична институционална рамка за функционирање на државата! Бидејќи сепак интересите на граѓаните се тие за кои власта функционира, и таа нема право на двоумење и отсуство на стратегија и храброст да ја преземе одговорноста.

Трагично е она шетање на Зоран Заев по разноразни провинциски обвинитеслтва – за да покаже… што? Дека ја почитува правната држава која ЈА НЕМА?

Зоран Заев наместо по обвинителските шупи кои го малтретираат јавно и отворено, ТРЕБА ДА ОДИ ВО ПАРЛАМЕНТОТ И ДА ФОРМИРА ВЛАДА – ДА ПРЕЗЕМЕ ОДГОВОРНОСТ!

Нема веќе место за изјави, статегии и говори. Срамота е веќе… и одвеќе!

Политички, меѓутоа, СДСМ ризикува уште повеќе! Во политиката можат да ви простат сè, но слабост и неодлучност никогаш. Во овие моменти се прекршува јавноста, и домашна и светска, околу способноста на СДСМ да предводи. Ако таа партија покаже неспособност да ја преземе власта, сè ќе се сврти против нив:

Партнерите од албанските партии, бидејќи СДСМ се покажува како несаглам лидер кој не може да ги води до власт НИТУ КОГА ЈАСНО ПОБЕДИЛЕ (замислете да е погусто);

Меѓународната заедница, независно од јасните симпатии кон СДСМ и новото мнозинство во еден момент ќе заклучи дека СДСМ нема сила да биде столб на таа реформска формација иако има јасно мнозинство и ќе почне да бара други решенија (голема коалициија е најблиското иако катастрофално решение за сите нас).


Со ваквото двоумење СДСМ испраќа погрешни пораки кон своите политички противници ДПМНЕ, дека е сепак лесно да си „играат пипиревка“ со ваков СДСМ и евтино да го блокираат, поништувајќи ги „бесплатно“ изборните резултати, воедно инстистирајќи на нови избори или на голема коалиција!? Тоа ги соколи наместо да ги инхибира криминалците во нивните редови!

Сите институции на поредокот се во шок и блокада очекувајќи потег, а не изјави и одлагање од политичарите. Сите прашања се на раб да експлодираат во незадоволство кон победниците!

И конечно, гласачите, таа огромна маса народ која се определи за реформи, слобода, демократија за СДСМ... Па не се човече супермени да издржуваат вакво малтретирање и гледање со неверување во својата партија што таа прави воопшто, зошто не го зеде она што ѝ припаѓа, за што ѝ изгласале победа? Немам впечаток дека партијата има чувство по кој раб во моментов чекори и кој ризик е во игра! Мора да покаже одлучност, план и храброст да ја преземе власта и да ја разреши лажната криза која ја наметнува губитничкото малцинство со нелегитимна, антиуставна и пучистичка блокада на институциите.

Во секоја драма, драги мои, во и околу секој голем куп срање, секогаш се појавува зунзара или некое змивче кое со задоволство се плетка и вплеткува низ гомната. Имено, се појавува Сава. Сега поткачен на скалило, со својот „баршунаст“ , малку „оцвал“ глас довикува – само два метра сме до...?! За психоаналитичките слипувања на јазикот со ова „само два метра“, во некоја од следните колумни, немам сила за Сава денес.

Монтажи: Александар Дојранлиев
Извор: Либертас

ОкоБоли главаВицФото