Општина Аеродром усвои ДУП кој ќе предизвика еколошка катастрофа

06.04.2017 08:56
Општина Аеродром усвои ДУП кој ќе предивика еколошка катастрофа

Советот на Општина Аеродром го усвои планот за кој советниците од опозицијата предупредуваа дека ќе предизвика еколошка катастрофа оти предвидува уништување на зелени површини кај Мајчин дом и покрај Вардар, а на местото на сегашни градби превидува паркинзи. Советниците го изгласаа планот и покрај протестот на жители на Аеродром кои се собраа пред општинската зграда. Тие поставија голем транспарент со порака „Стоп за новиот ДУП, сакаме Аеродром да дише“ и останаа пред општината сè додека траеше седницата.

По усвојувањето на ДУП-от, револтираните граѓани најавија дека ќе го оспорат на Уставен суд.

„Сега чаре ни е само Уставниот суд оти имаме сериозни забелешки на планот кои не се земени предвид“, најавија дел од насобраните жители на Аеродром.

Деталниот план беше ставен ненадејно како дополнителна точка на дневен ред. Тоа уште повеќе го зголеми револтот на жителите, а советникот Златко Марин преку социјалните мрежи ги повика аеродромци јавно да го покажат револтот и да излезат на протест пред Општината.

Жителите на Аеродром со месеци се борат против усвојувањето на овој план. Тој еднаш беше вратен на доработка, а од Општината најавија дека ќе ги земат предвид забелешките од граѓаните. Многумина се пожалија дека единствениот одговор што го добиле на забелешките е дека тие не се прифатени.

Планот се однесува на делот покрај Вардар од Железничка станица до Мајчин дом и предвидува низа нови објекти поради кои се одзема од зеленилото, како и сервисни улици и паркинзи во служба на новите објекти.

Извор: Сакам да кажам

Слични содржини

Активизам / Јавни простори / Екологија
Јавни простори / Став / Екологија
Активизам / Јавни простори / Екологија
Активизам / Јавни простори / Екологија

ОкоБоли главаВицФото