Со она што почнува

06.04.2017 11:25

Тука, кајшто со сè се тргува, ја сум маржа и на ветрот лет.
Одам кајшто римите ме влечат. Ко птица, слободен, во свет.

Зборот е ист сo морето. На солените солзи тоа се делокрузи.
Уста сум што ја кажува сржта на драмата во име на музите.

Ги чувам зборовите возвишени со кои душата се воздигнува.
Ги измислувам дури и висините. И животот и сните ги престигнувам.

Звуците вон гласот мој шибани, слични, се следат:
треперливите зборови на Панург да не избледат.

Јас љубовта со крв ја зборувам. Детството го берам како плод
меѓу ѕвездите блескави што се гнездат во лиснатиот свод.

А зборовите ги мерам и бројам како менувач своите златници.
Во сните мртвите ги посетувам како сите по Евридика патници.

Знаете ли дека тишината моето пеење го доточнува?
Не постојам во секој миг. Јас сум со она што почнува.

Како зрнце песок в часовник небото ми го исполнува паметот.
Со самовилите уживам слава. Допуштете му го летот на поетот!

Превод: П. В.

Францускиот писател и поет Marc Alyn (1937) е основач на списанието Terre de Feu во кое 1956 г. ја објавил својата прва збирка Liberté de voir. Во 1957 ја примил наградата Max-Jacob за Le temps des autres. Во 1966 ја втемелил едицијата Poésie во издавачката куќа Flammarion, каде што првенствено ги претставувал Bernard Noël и Andrée Chedid. И други негови стихозбирки добиле значајни награди.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото