Опсадата на Сараево

07.04.17 13:15

Деновиве се одбележуваат 25 години откога силите на босанските Срби го покренаа она што се претвори во 1425-дневна опсада на босанскиот главен град Сараево. Повеќе од десет илјади жители на Сараево загинаа од гранатирање или од снајперски оган за време на блокадата која беше најдолга опсада на еден град во поновата историја.

Познатата фотографија од Сараво кога врз демонстрантите за мир беше стрелано со снајперски оган, 6.04.1992 година. Тогаш беа убиени две жени.

Облакодери горат во Сараево откако беа погодени со гранати од околните планини, 08.06.1992.

Човек ја придржува главата на една жена ранета во гранатирањето на Сараево, 27.06.1992.

Рането девојче во болница во Сараево, 03.08.1992. Според ООН, за време на опсадата секојдневно биле истрелувани по 3 илјади гранати.

Семејство сече дрвa за греење во околната шума за време на опсадата.

Војници на босанските Срби патролираат на еден планински пат кај Сараево, 17.04.1994.

Човек бара помош за еден од ранетите од ескплозија на граната.

Маж плаче на гробот на неговата жена на сараевските гробишта, 1993.

Босански војници поздравуваат оклопно возило со трупи на ОН во близина на аеродромот во Сараево, 14.05.1993.

Куќа во Сараево гори откако е погодена од граната, 1994.

Млад пар бега од куршуми во познатата Снајперска долина во Сараево во 1995.

Францускиот кардинал Роже Ечегерај и босанскиот кардинал Винко Пуљиќ во Сараево, 15.08.1995.

Ранети цивили во Сараево чекаат во болница. Жената која лежи лево почина чекајќи помош. 5.02.1994.

Сцена по гранатирањето на пазарот Маркале во центарот на Сараево, 28.08.1995. Тогаш загинаа 43 луѓе.

Србинка во Илиџа продава прехранбени производи додека продавницата зад неа гори, три дена пред оваа област да падне под контрола на хрватско-муслиманските трупи, 9.03.1996.

 

Извор: Радио Слободна Европа

Слични содржини

Фотографија / Квир / Око
Активизам / Фотографија / Свет / Уметност / Око
Фотографија / Око
Активизам / Око

ОкоБоли главаВицФото