1025 hPa
58 %
11 °C
Скопје - Вто, 12.11.2024 12:59
Кога никој не ме сака
спијам со мачката.
И кога не можам да се дадам
за љубов или за пари ‒
им телефонирам на оние
кои некогаш ме сакале.
Или се обидувам во својата слатка мрежа
да ги навлечам пожудните.
Шашава сум ко јунска невеста.
Студена како bruje цицка.
Патетична кучка!
Со еден збор ‒ обична жена.
Прекумерно благодарна.
На најмалиот трепет на великодушност
се свивам крај киклопот кој ќе ме земе,
ќе ми дозволи да се помочам на тепихот
и добро ќе ме нахрани.
Ма ја виде ли ти женана?
Сметам дека не задавам бол.
Наоружана сум и опасна.
Но само по себе самата.
Превод: П. В.