Мала дебармаалска приказна

13.04.2017 08:24
Мала дебармаалска (не)сеќавалка

 

Утрово шетав низ разрушеното маало од моето детство, и се видов распнат на олукот од кој течеше река секогаш кога со другарчињата повикувавме дожд. Полжав ползеше до моето уво, оставајќи ми лигава трага на челото, и ми шепна дека веќе никогаш нема да можам да љубам. Потоа ме бакна и скокна под чизмата на прадедо ми. Комшиите положија свежо цвеќе под моите нозе, се посипаа со бензин и се запалија пеејќи некаква молитва. Солзите ми се престорија во жаби кои немаат никаков концепт за историја, додека стомакот ми пулсираше како ушно тапанче нападнато од штурци. Беше лето. Август. Беше зима. Јануари. Смрзнував и се топев, расцветував и се сушев. Мојата симпатија од детството си го исече јазикот и со него ми го лизна коленото. „Беше многу досадно дете“, рече баба ми, ми го отвори стомакот и влезе во мене за да ми зготви вкусен ручек.

 

Нема ништо потажно од заборавените сеќавања.

 

Слика: Jin Xingye

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото