Урбана уметничка акција: и птиците ќе побегнат од Скопје!

13.04.2017 09:56
Урбана уметничка акција: и птиците ќе побегнат од Скопје!

Новата уметничка урбана акција насловена како „Поддршка за птиците во Скопје“, има цел во овие предвелигденски денови да алармира на сè поголемиот број исечени дрвја во градот.

Градското зеленило е намаледно за 40 отсто за само 8 години, што освен на загадувањето и уништувањето на амбиенталните вредности на градот, влијае на севкупниот биодоверзитет во Скопје.

Конкретно, со уништувањето на старите и возрасни дрвја во градот не само што се уништуваат долгогодишните постоечки гнезда на птиците, туку тие многу често немаат место за гнездење.

Според податоците од еколошките здружениј,а голем број птици како славејот, песнопојките, клукодрвците, ќосот и слични благородни птици се пред исчезнување од градот заради уништување на нивниот хабитат.

Акцијата е спроведена во соработка со птиците од Скопје.

ОкоБоли главаВицФото