Ришард Каја: Убавината зад аголот

13.04.17 11:37

Ришард Каја (1962, Познањ) е сликар, дизајнер, сценограф, костимограф и илустратор кој важи за еден од најплодните и најдобро продаваните современи дизајнери на плакати и постери.

Следејќи ја традицијата на неговиот татко Збигњев Каја, член на реномираната „Полска школа на плакат“, Каја ги изработува своите плакати користејќи различни техники: „Користам сè: пенкало, молив, мастило, боја, гваш, кафе, чај, пепел, сè што е околу мене, не само компјутерот“, вели Каја.

Неговите дела се едноставни, суптилни и секогаш изненадувачки. Големо влијание врз неговата работа имал писателот Бохумил Храбал.

„Да, го сакам Бохумил Храбал. Тој пишуваше за обичните луѓе и за секојдневниот живот, сепак, неговите приказни се полни со изненадувања, бидејќи неговите ликови се мали но изненадувачки. Од Храбал научив да гледам зад аголот, под валканото да ја барам убавината“, вели Каја.

Тој работел како дизајнер во театарот во Лоѓ, како сценограф во Операта во Шќехин, од 1995 до 2000 година бил главен сценограф во Гранд театарот во Познањ. Има изработено над 150 сценографии за театар, балет, опера, филм и телевизија во Полска, Франција, Германија, Аргентина, Израел и Египет.

Каја бил член на жири комисии на голем број биеналиња за дизајн на плакати, вклучувајќи го и престижното Биенале за дизајн што се одржува во Италија. Каја во 2015 година бил почесен гостин на Биеналето за плакат во Боливија.

Ришард Каја во моментов живее во Вроцлав каде што ја завршува неговата серија „Полска“ која вклучува 120 плакати од помалку познати градови и дестинации во Полска.

Слични содржини

Графички Дизајн / Око
Графички Дизајн / Уметност / Око
Графички Дизајн / Око
Графички Дизајн / Око
Графички Дизајн / Око
Графички Дизајн / Психологија / Око

ОкоБоли главаВицФото