Прашања без одговори

15.04.2017 12:00
Прашања без одговори

Пред еден час кај Охис на патот кон Скопје, стоеше двокатен автобус на ЈСП со искршени прозорци. Пред него чекаше кола на Брза помош. Јас бев во автобусот број 67 во правец на Зелениково и не можев да видам дали се работи за некаква сообраќајка или за нешто друго. Но, само неколку стотини метри потаму, веднаш зад височинката кај Пинтија, мојот автобус го сопре полициска контрола. Влегоа четворица полицајци, рекоа дека се во контрола и се прошетаа меѓу седиштата барајќи нешто сомнително, но без легитимирање на патниците. На момчето до мене му го претресоа ранецот. Сè беше готово за две-три минути!

Ме интересира дали случајот со искршените прозорци и контролата на полицијата се поврзани настани?

Дали се работи, во првиот случај, за случајна несреќа или е во прашање нешто друго, со оглед на контролата што следеше.

Дали се работи за реални или за инсценирани настани од страна на власта, какви што имало многу во изминатиов период?

Дали е сето тоа некакво кондиционирање на идиотската дебата на ВМРО во таканареченото собрание!?

Поентата на моето обраќање е во загриженоста дека Македонија престана да има инстанци кои можат да одговорат на овие прашања со минимално ниво на доверба во тоа дека ја зборуваат вистината. И дека, соодветно на тоа, ја зголеми до максимум недовербата и сомничавоста во сè!

Односно, дека престанала да биде држава.

Јас не ги поставувам овие прашања затоа што очекувам одговор, туку затоа што знам дека сите одговори нема да бидат кредибилни.

Власта на ВМРО мора да се симне не за да дојде некој друг на власт, туку за да се врати во нормала животот во Македонија. Без тоа сме во предхобсовски хаос во кој не се борат тврдокорните против соросоидите, туку секој против секого и сите се борат да заминат за никаде!

Извор: Фејсбук профилот на авторот
Слика: Странски служби