Оваа држава не е држава, туку мафија

17.04.2017 17:48

Сегашната влада не е влада, најмалку е демократска.
Емил Димитриев не е премиер туку пратеник.
Министрите не се министри, туку вазали на "пастирот".
Претседателот на државата не е претседател, затоа што претседателот е ДОЛЖЕН да го даде мандатот на мнозинството пратеници, а не да се однесува како партиски војник на диктаторот.
Уставниот суд е неуставен.
Претседателот на Врховен суд не е претседател туку "кум" на мафијата.
Најголем дел од судиите не се судии, туку послушници на "началникот" на мафијата.
Собранието не е собрание на граѓаните. Собранието не е конституирано, туку киднапирано од поранешниот претседател кој го крши деловникот и Уставот и го блокира изборот на нов претседател.
Парламентарното мнозинство не е мнозинство, затоа што не гласало за ништо.
Оваа држава не е држава, туку мафија.

Жарко Трајаноски, Фејсбук, 17.04.17.