Водни балони замена за пластичните шишиња

18.04.2017 03:25
Водни балони замена за пластичните шишиња

Пластичните шишиња со вода наскоро би можеле да станат минато, благодарение на водните меурчиња за јадење и пиење.

Пред три години, инженери од британската организација Skipping Rocks Lab изработиле водни балони кои се јадат. Сега тие собираат средства за да може нивниот производ, наречен The Ooho, да се најде на пазарот.

„Нашата мисија е амбалажниот отпад да исчезне“, велат инженерите.

Ooho претставува одржлива замена за пластичните шишиња и чаши. Балоните се направени од натриум алгинат, земен од кафеави алги и калциум хлорид. Тие се целосно биоразградливи и природни, па може слободно да се јадат.

Овие флексибилни балони се исполнети со вода, и на нив може да се направи дупче и водата да се испие, или може да се конзумираат цели.

Можат да се користат и за пакување на разни други течности за пиење, па дури и за козметика.

Секој балон содржи 250 милилитри вода, а изработката чини само два центи.

Тимот се надева дека ќе почне со продажба на нивните балони на музичките фестивали и маратоните во рок од 12 месеци.

Извор: Порта 3