Секогаш

18.04.2017 11:49

      На Чарлс Симиќ

Секогаш олку доцна во ноќта седат,
во распашана облека, сите околу масата
под светлината на една гола сијалица ‒
фаќајќи се за работа ‒ големите заборавници.
Ги наведнале главите настрана, склопиле очи.
Исчезна една куќа и некој човек
во дворот, со цела леа цвеќе.
Следна отиде месечината.
Големите заборавници ги намуртија челата.
Тогаш отидоа Флорида и Сан Франциско
каде што реморкерите плужат
светкави бразди по Заливот.
Едниот заборавник запали кибритче.
Отидоа харфите од бисерни светлини
што ги премостуваат њујоршките реки.
Друг ја наполни чашата
и тоа беше крај за вечерната гунгула
под сулфурестите улични светилки.
А после отиде Бугарија, па Јапонија.
„Каде ќе заврши ова?“ рече еден од нив.
„Тешка работа е, да ја следиш судбината
на сè што постои“, рече друг.
„Да“, рече трет, „сè до последниот камен
додека само студената нула од совршенство
не ѝ преостане на фантазијата.“
Големите заборавници се стуткаа на седиштата.
Ненадејно отиде Азија и една вечерна ѕвезда,
а после и секојдневната жалост на сонцето.
Едниот од нив се прозевна. Друг се накашла.
Последниот ѕуреше низ прозорецот:
ни облак, ни стебло,
насекаде само пламенот на ветувањата.

Превод: П. В.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото