Позитивна геополитика

19.04.2017 02:34
Позитивна геополитика

Наспроти раширените вознемирености, јас мислам дека новите геополитички разигрувања даваат основи за оптимизам во врска со решавањето на таканаречената криза и особено во врска со перспективите на Македонија.

Еве тука само неколку основи врз кои почива горниот став.

Референдумот во Турција дефинитивно ќе ги фиксира југоисточните граници на Европската Унија во Бугарија и во Грција.

Темата за проширувањето на исток ќе заврши со султанските амбиции на контроверзниот, некои велат и болен, човек од Босфорот.

Енергијата ќе се насочи кон консолидирање на општите внатрешни ситуации со посебно внимание на зоната на Запандиот Балкан кој во рамките на овие граници сè уште стои далеку од тоа да е европеизиран и интситуционално и безбедносно и вредносно.

Европа ќе мора многу побескомпромисно да се обиде да ги реализира своите заложби и геополитички аспирации врз овој дел од континентот.

Второ, тоа ќе мора да го стори преку рехабилитација на правната држава, на демократските принципи и на слободата, односно преку потиснување и смена на корумпираните елити кои досега беа користени како гаранти кои наместо стабилност, испорачаа хаос.

Трето, агресивниот пристап што го демонстрира Трамп ќе донесе и тука значајни интервенции во салонското ниво на европската политика и посебно во стерилната дипломатија на Старата дама.

На дневен ред ќе можат да дојдат и воени интервенции. Просторот мора да биде квалитетно покриен.

Популизмот и национализмот ја одиграа својата улога во разорувањето на општествените структури во малите неконсолидирани државички, а во големите беа пуштени да бидат ем вентили за актуелните проблеми, ем вентили кои ќе се покажат како смртоносно опасни за целиот континент.

Компромитирани.

Во ваква констелација злосторничкото здружување на ВМРО-ДПМНЕ нема никакви шанси. Тоа е осудено на смрт. Тие се фактор кој игра спротивно на правилата и на интересите. По таа линија тие се мал пион кој треба да биде изеден. Играта со платформата е избор на погребалниот ковчег за Груевски и бандата. Изборното мнозинство има основи да биде многу поагресивно и да се конституира како власт.

Извор: Фејсбук профилот на авторот
Слика: Бо Бартлет